Телохранител на Осама Бин Ладен тврди: Тој самиот се рзнесе пред моите очи!

Еден од најбараните терористи  во светот, Осама Бин Ладен, не бил убиен од американските војници, туку самиот се разнел со експлозив, тврди неговиот поранешен телохранител.
 
Се работи за поранешниот телохранител на Осама, Набил Наим Фатах кој изјави дека е лажна приказната за убиството на Осама Бин Ладен бидејќи пред неговите очи сам се разнел.
Осама го активирал експлозивот кој му бил замотан околу појасот кога американските специјалци во текот на операцијата Џеронимо влегле во неговата скривница.
 
Фатах исто така вели дека лидерот на Ал Каеда во последниве 10 години цело време носел "самоубиствен појас", бидејќи бил одлучен да не им се предава на Американците.