Скопје ќе се растерети - од 1. јуни камионите не смеат да возат по скопските улици

Од Град Скопје соопшти дека на 1 јуни годинава ќе стартува сезонскиот вонреден времен режим на сообраќај односно забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачјето на главниот град.

Забраната ќе важи во  временскиот период од 10 до 20 часот и ќе трае до 1 септември 2013 година.

Ваквиот режим се воведува поради заштита за коловозите од оштетување поради големите осни оптоварувања  на тешките товарни моторни возила во услови на високи дневни температури во летните денови.

Овој  режим на сообраќај не се однесува тешките товарни возила што превезуват лесно расипливи стоки, медицински препарати и  жива стока.

најчитано сега