Домашен чипс во микро

Направете си домашен чипс во микро.

Состојки: 

1 компир

мешан сушен зачин по вкус

малку масло

хартија за печење

микровална печка

Подготовка: 

Морате да го пробате чипсов. Единствен услов за подготовка е да имате микровална печка и добра воља да зготвите нешто домашно.
Компирот излупете го и исечкајте го на тенки листови. Оставете ги во ладна вода некои 10 минути за да излезе скробот од нив.
На хартија за печење, која сосема малку ја намрсуваме (а и не мора) ги редиме листовите од компир, еден до друг, ама да не се преклопуваат. Со четка малку ги премачкуваме со масло. Ги зачинуваме по желба.

30.06.2014 - 16:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега