Паркингот во Сити Мол ќе почне да се наплаќа

Паркингот во трговскиот центар Сити Мол во Скопје ќе почне да се наплаќа од почетокот на август. До сега посетителите на шопинг центарот „Сити мол“ можеа да пазаруваат и бесплатно да се паркираат. Токму оваа привилегија е потенцирана како едно од причините зошто да го посетите Skopje City Mall.
Од компанијата нема детали која ќе биде центар на паркинг билтеот, но се најавува дека ќе биде поевтина од другите паркиралишта во Скопје. 
Нема информации, дали посетителите на трговскиот центар со сметка над одредена сума ќе можат бесплатно да се паркираат одреден временски период. 

30.06.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега