„Путин ќе биде мртов ако дојде во Киев“ - изјавата која го шокираше светот

 

Украинскиот пратеник Анатолиј Гриченко со скандалозна изјава го шокираше светот.  Тој истакна дека претседателот на Русија, Владимир Путин ќе биде убиен доколку дојде во Киев.

- Путин нема да застане тука. Тој не ја сака само Украина туку сите балтички земји и останати држави. Верувам дека нашите патриоти доброволно би го убиле, и тоа ќе биде сосема исправно“, изјави Гриченко.

Пратеникот  исто така го обвини и Порошенко дека не ги исполнува своите финансиски обврски кон украинската војска која учествува во битките на југоистокот на земјата.

- Порошенко мора да ги најде парите кои и ги вети на војската, па макар тоа и да значи да ги извлече од сопствениот џеб, додаде Гриченко.

30.06.2014 - 10:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега