Јоксимовиќ пресреќен: Концертот во Скопје - круна на мојата кариера
Познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ особено се гордее со концертот што го одржа на 21 јуни, во арената „Филп Втори“ во Скопје поради тоа што го собoрiл личниот но и рекордот на своите колеги. Тој за српски Блиц открива дека се уште ги средува впечатоците и емоциите од спектакуларниот концерт.
- Kонцертот во Скопје е круна на мојата досегашна кариера и ќе остане запаметен во историјата на Македонија како најголем настан на сите времиња. Македонците и јас дефинитивно имаме ист вкус и заемно се почитуваме и се сакаме. Признавам дека с` уште во сеќавање ми е грандиозната слика од повеќе од 60.000 насмеани и среќни луѓе поради мојата музика - го опишува Жељко својот впечаток од настанот.
Тој признава дека на секој настап има трема, но Македонците го разоружиле уште од самиот старт и со голем аплауз ги поздравиле неговите гости.
- Секогаш пред настап се прашувам дали со публиката ќе ја најдеме вистинската нишка и дали средбата на сите ќе им остане во добро сеќавање. Освен моите величествени гости, ме израдува и тоа што дојдоа голем број мои пријатели, за што сум им благодарен и поради што сум среќен човек. Некои од нив ме изненадија така што забавата што се случи по концертот беше посебна приказна од оваа македонска сага - посочил пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа