Седници на четири собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија, за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа  Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2013 година, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2013 година

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа Презентација на согледувањата за исполнување на целите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на предложените кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година, Годишниот извештај за резултатите од работењето на ЈРП Македонска радио телевизија за 2013 година, Извештајот за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013 година и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година.

На дневен ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања се извештаите на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог - одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција, ИСАФ во Авганистан. 

30.06.2014 - 08:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа