ВИДЕО: Проклетата болница на Хитлер конечно откриена на јавноста

Просториите на нацистичкиот санаториум во Берлин каде е лекуван Адолф Хитлер се за прв пат отворени за јавноста. Искуствата од овој санаториум Хитлер ги опиша во својата автобиографска книга.

Прв кој ја имал можноста да го слика овој санаториум е фотографот Андреас Свејн кој вели дека оваа болница е како излезена од хорор филмовите. Во оваа болница во минатото луѓето се лечеле од туберкулоза, се до Втората светска војна кога била претворена во воена болница. 

- Масата за операција, хируршките елементи и целиот инвентар се во многу лоша состојба и се како излезени од најстрашниот хорор филм, вели фотографот.