Еротски романи кои треба да ги прочитате

Во анкета спроведена на 800 жени од страна на популарната авторка Алесандра Тор, 95% од анкетираните изјавиле дека со тоа што читаат еротски книги се чувствуваат сексуално охрабрени. Ако го земеме ова во предвид секоја жена треба да одвои време и да се препушти на литература која ќе ја заинтригира нејзината фантазија. Од најнови наслови до класици, од заведувања до романтики, пред вас се едни од најдобро напишаните и најинтересните книги со еротска содржина.

 

"Опасни врски"  - Пиер Кодерлос Де Лаклос

 

Објавена во 1782 година, овој роман се фокусира на двајца поранешни љубовници и ривали, и како тие се понижуваат себеси со цел да го повредат другиот. Ова познато дело е испреплетена мрежа од страсти на француската аристократија. Дејството го придвижуваат одмаздата и заведувањето и е пријатно четиво за сите љубители на еротски новели. По овој роман се направени две одлични филмски адаптации. 

"Сексуалниот живот на Катрин М." - Катрин Милет

 

Еротика која што раскажува за вистински случки е секогаш интересно и интригантно четиво. Во мемоарите кои се преведувани од француски, Милет детално го опишува својот возбудлив сексуален живот и на интелигентен начин ги поврзува хедонизмот со самоконтролата. Ова дело е едно од најдобрите еротски дела некогаш напишани.

"Вокс" - Николас Бејкер

Целата приказна се врти околу еден настан – телефонски секс разговор. Секс преку телефон не е леста работа, така да имагинацијата и фантазијата на читателите почнува да се буди и тие стануваат зависни од ова четиво. Иако Бејкер има напишано многу еротски новели, оваа новела се смета дека му е најдобра а исто така и најчитана.

"Приказната за О"-Полин Реге

Лесно може да се исплашиме од тоа што се случува во нашите сексуални фантазии. За наша среќа протагонистите во оваа новела го немаат тој проблем. Реге пишува за своите најмрачни и најжешки сексуални фантазии од кои на читателите никогаш нема да им биде доста.

"Делтата на Венера" - Анаис Нин

Книгата се базира на живата имагинација и фантазија на Нин. Зборивите на Нин ќе ве натераат да се почувствувате како сите тие возбудливи случки ви се случуваат на вам и лесно ќе се навлечете на заводливата приказна.

"Бескрајна Љубов" - Скот Спенсер

 

Оваа љубовна приказна раскажува за бескрајната љубов и страст на двајца тинејџери. Двајцата протагонисти ќе ве вратат назад во времето, кога бевте млади и ќе ве потсети на вашата прва љубов.

"Љубовникот на Г-ѓа Чатерли" - Д.Х. Лоренс

Сопругот на Г-ѓа Чатерли се враќа парализиран од војната додека нејзината љубовна афера со ловецот започнува. Иако некои критики го величат ова дело а други го исмеваат, нема да погрешите доколку се решите да ја прочитате оваа новела. 69% од анкетираните жени се мажени и сигурно тие се оние кои би се навлекле на оваа новела.

"Раковиот напоредник" - Хенри Милер

Иако некогаш била забранета од страна на американските закони за цензура, еротската новела на Милер стана популарна поради тоа што луѓето го сакаат она што тие не можат да имаат. Во новелата Милер раскажува за своето поминато време во Париз во доцните 1920ти. Неговите детални описи на сексуални односи повеќе потсетуваат на реалниот живот отколку на стандардните еротски новели. Дури и ако бездомници обично не ве привлекуваат, ова класика вредни да се прочита.

„Венера во крзно“ – Леополд фон Захер Мазох

 

Оваа книга е архетип за БДСМ фетишизмот. Приказната вклучува маж мазохист и далечината кој тој е подготвен да ја помине за да ја освои љубовта на својата љубовница.

„Џастин“ – Маркиз де Сад

Секси приказна за девојка по име Џастин, која влегува во бројни сексулани врски, меѓу кои некои одат до екстрема, вклучувајќи и сцена каде таа е сексуален роб. Авторот е човекот по кој е терминот „садизам“ го добил своето име.

"Секс љубов повторување" - Алесандра Тор

 

Полигамијата е актуелна тема за дискусија денеска. Иако можеби полигамијата е табу тема за вас, скоро 85% од анкетираните жени изјавиле дека што го читаат често го користат како инспирација во секојдневниот живот.

Извор: Лејдибук

28.06.2014 - 16:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега