И НСДП „пресуди“ за Македонска банка

Стаелитската партија на СДСМ, НСДП се огласи по соопштението на Основното јавно обвинителство во врска со кривичната пријава за т.н. случај „Македонска банка“.

Од НСДП сметаат дека во образложението обвинителството потврдува дека се работи за снимен телефонски разговор, со констатација дека за снимање на таков разговор не постои наредба од надлежен орган. 

Од НСДП сметаат дека соопштението на обвинителството  е срамно и скандалозно. Од партијата пресудиле дека  Обвинителството лиферувало признание за постоење на кривично дело.

„Најверојатно јавниот обвинител Зврлевски во носењето на одлуката за отфрлање на обвинението за случајот Македонска банка, сепак се раководел од препознатливоста на гласот на човекот кој што му сугерирал, односно наредил  да донесе таква срамна одлука“ – велат во соопштението на НСДП

Вчера и СДСМ судеше. Од партијата се обидоа премиерот Груевски да го изедначат со својот лидер Заев, порачувајќи дека Груевски по одуката на Обвинителството станал аболицирано лице, исто како и нивниот лидер.

 

 

28.06.2014 - 14:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа