„Македонија без отпад“: Скопјани се фатија за работа во Гази Баба

Во општина Гази Баба на кејот на реката Вардар во нaселба Керамидница трета година по ред, се спроведе еколошка акција „Македонија без отпад“. Оваа акција се спроведува на територија на цела Македонија во рамките на неколку општини, каде се чистат одредени локации.

Во акцијата учествуваа заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, градоначалникот Тони Трајковски, пратеничката Лилјана Поповска, општинската админстрација, припадниците на Армијата на Р. Македонија, ЈКП Гази Баба, ЈП Паркови и зеленило на град Скопје, здруженија на граѓани и жители од општината.

Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за овоможување на почиста животна средина. Градоначалникот апелираше до сите граѓани на општина Гази Баба и Градот Скопје да се грижат за својата околина, редовно да се собира отпадот, да не се фрлаат отпадоци во реката Вардар и во околината која живеат и редовно да се коси тревата.

Во општината е зголемен и бројот на комунални редари кои ја секојдневно ја контролираат состојбата на терен.

28.06.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа