Владата со Устав ќе го ограничува задолжувањето на државата

Владата предводена од премиерот Никола Груевски предлага измени на Уставот со кои ќе се ограничи задолжувањето на земјата и надвор, но и внатре како дефицит од Бруто домашниот производ. Според измените кои денеска ги предложи премиерот, со Устав ќе биде загарантирано дека Владата не може да проектира и да направи поголем буџетски дефицит од 3% од БДП. Исто така, премиерот предложи, да влезе во Уставот дека јавниот долг на Македонија не смее да биде поголем од 60% од БДП. 
Со тоа, оваа и било која друга, идна Влада ќе биде обврзана со Уставор да не го зголемува буџетскиот дефицит и јавниот долг. Ваквагта постапка на Груевски ја потврдува заложбата на Владата за строга и квалитетна фискална политика.

28.06.2014 - 14:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега