Од вторник поскапува струјата

Од први јули струјата поскапува за 3,5% jавува порталот Фактор повикувајќи се на свои извори.  Регулаторната комисија за енергетика ги финиширала пресметките за корекција на цената, при што енергетските компании прикажале зголемени трошоци. Регулаторот дополнително барал објаснување и од ЕЛЕМ и од МЕПСО и од ЕВН Македонија за прикажаните трошоци по што пресметал дека крајната цена за домаќинствата треба да биде повисока за 3,5%.

Зголемувањето е утврдено согласно пресметките на енергетските компании кои минатиот месец ги доставија трошоците до Регулаторна комисија за енергетика.

Според најновите правила, цената на струјата се утврдува еднаш во годината и важи од 1 јули. Регулаторот сега ја дефинира цената само за домаќинствата, но од 1 јануари 2015 година се очекува со целосното отворање на пазарот цената да се формира слободно.

28.06.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега