„Македонија земја од соништата“ - нашата земја меѓу осумте светски туристички дестинации

Странски интернет портал ја смести Македонија меѓу осумте топ светски туристички дестинации кои задолжително треба да се посетат.

Порталот ја опишува Македонија како земја од соништата. Нашата земја се најде на листата привлечни туристички дестинации заедно со Малезија, Белгија, Сејшелите, Шведска, Мексико, Шкодска и  Бразил.

-Балканските држави не се толку популарни како нивниот сосед Грција, но веќе прераснуваат во значајни туристички дестинации. Македонија има богата историја за сите кои сакаат да истражуваат. Исто така станува збор за модерна земја во која има што да се види. Во неа има добри ресторани, клубови и пабови, стои во статијата објавена на порталот.

 

28.06.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега