„Туризмот во функција на едукација и култура“ во Битола

Од денеска до 31. мај во Битола ќе се одржат работилници на тема: „Туризмот во функција на едукација и култура“ и „Вмрежување“. Работилниците се одржувааѕ во рамки на програмската целина за Културни политики од програмата за „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“.

Целта на работилниците е да се подобри функционалноста и да се дефинираат идни активности на претходно воспоставената Мрежа за културен развој на Пелагонија, како и согледување и развивање на туризмот во функција на едукација и култура.

Станува збор за серија работилници кои се одржуваат во циклус од три години во континуитет во Битола, и се наменети за професионална доедукација на културните актери од Пелагонискиот регион.

Работилниците ќе обединат триесетина учесници од регионот, престставници на сите девет општини, претставници на јавни културни установи и преставници на здруженија на граѓани и слободни ументици.

Француски партнер на програмската целина за Културни политики е областа на Заливот Мон Сен Мишел (Долна Нормандија).

ФОТО: makdenes.org

најчитано сега