Ѓул: Македонија има силно лоби во Турција

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски во рамки на посетата на Турција се сретна со турскиот претседателот Абдула Ѓул. Денеска, спикерот на македонското Собрание ќе оствари средба со фанариотскиот православен патријарх Вартоломеј, јавува МИА. 

Ѓул истакнал дека Македонија има многу силно лоби во Турција за привлекување инвестиции, потенцирајќи дека земјата има потенцијал кој треба да се искористи.

Турција ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции, а турскиот претседател лично се заложил кај ганералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен за прием на земјата во Алијансата.

Големото посебно пријателство меѓу двете земји, според претседателот Ѓул, се должи на големата сличност и блискоста на народите.

Вељаноски му се заблагодарил на Ѓул за големата поддршка што оваа земја и ја дава на Македонија. Тој го информирал турскиот претседател за актуелната политичка состојба во земјата, за добиената доверба на изборите која, како што рекол, треба да се оправда пред граѓаните.

– За нас е особен приоритет членството во НАТО, рекол Вељаноски, додавајќи дека и покрај кризата, Македонија има добар економски раст и оти се надева и очекува нови турски инвестиции.

На средбата со Ѓул присуствувал и претседателот на Големото национално собранние Џемил Чичек, со кој Вељаноски вчера имаш и е тет-а-тет средба. 

Спикерот Вељаноски денеска во Истанбул ќе има средба со фанариотскиот православен патријарх Вартоломеј.

Средбата на Вељаноски со патријархот е во рамки на дводневната официјална посета на претседателот на македонското Собрание на Турција. Првиот парламентарец последен пат имаше средба со патријархот во 2010 година. 

28.06.2014 - 10:19
Фото: 
mia
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега