Регионален агробизнис форум во Скопје

 

Денеска во Скопје ќе се одржи Регионален агробизнис форум. Форумот е во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

На форумот, на кој ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, ќе присуствуваат претставници од најголемите компании за производство и трговија со храна и земјоделски производи, претставници на ресорните министерства и владини агенции, комори и здруженија на производители и преработувачи од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Молдавија и Украина.

Целта на форумот е размена на искуства и анализа на предизвиците во делот на земјоделството и агробизнисот со кои се соочуваат земјите од регионот пред и по нивното зачленување во Европската Унија. 

ФОТО: Сител

најчитано сега