Естонска парламентарна делегација пристигнува во Скопје

Делегација на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Естонија ќе престојува во посета на македонското Собрание.

Предвидени се средби со членовите и претседателот на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание Хајрула Мисини, како и со членовите и претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Естонија Лилјана Поповска.