„Како претставник на политички подмладок, Унијата на млади сили е директно вклучена во креирањето и носењето на сите политики“, истакна Бојан Никовски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма телевизија.
Никовски се осврна на резултатите од досегашните политики на СДС, нагласувајќи дека тие се јасно видливи како кај младите, така и во целокупното општество, и дека истите ја довеле партијата до историски најнизок резултат.
„Резултатите од политиките на СДС, и во однос на младите и во однос на целата држава, се видоа на овие избори. Видовме колкава поддршка добија тие таканаречени успешни политики, што резултираше со историски најнизок резултат за партијата“, рече Никовски.
Според Никовски, преку грантови за младинско претприемништво, финансиска поддршка за купување сопствен дом, позитивни демографски мерки, привлекување странски директни инвестиции и спроведување економски реформи, може да се создадат реални услови младите да останат и да успеат во државата.
„Со вакви политики испраќаме јасна порака дека секој, согласно своите вештини и способности, може да просперира и да успее во нашето општество“, истакна Никовски.
Тој додаде дека младите веќе можат да забележат конкретен исчекор во однос на младинските политики.
„Се доделуваат субвенции за електронски уреди, се реконструираат студентски домови, започнува процесот за изградба на нов Медицински факултет во Штип, што е особено важно имајќи предвид дека здравството е клучна гранка во која мора навремено да се подготвуваат кадри. Се воведува дигитализација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а истиот процес ќе продолжи и во останатите високообразовни институции. Ова е позитивен исчекор кој младите треба да го препознаат како надеж и како доказ дека имаат конкретна придобивка и повеќе простор за напредок и усовршување“, заклучи Никовски.
Актуелно
- Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
- Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
- Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
- (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
- Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
- Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
- За викендот снег, потоа доаѓа вистинска пролет
- Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија


