Пред се сакам да и честитам на новата вд.директорка на Зоолошката градина во Скопје Катерина Костова , одличен човек кој ги сака животните и установата вистински,навистина мие многу драго!, напиш на социјалните мрежи Стефан Ќирков поранешен советник во советот на Град Скопје.

„Изминативе денови бев таргет на оркестриран напад на социјалните мрежи од еден центар од квази новинари, лажни активисти со криминални работи во сенка но една секта на луѓе со кој повеќе од 5 години ги пратам како се на политичкиот пазар и како оркестрирано делуваат наводно загрижени активности за животни но со скриени криминални работи со продавање на бездомни животни низ Европа!

После се, јас нема да го заборавам ова и периодов кој следи целосно со име и презиме ќе им се посветам како би на цела јавност ги разоткријам овие ликови!

Јас никогаш не криев и не кријам за мојата амбиција да ја водам ЗОО Скопје и тоа мие животна желба , сметам дека можам,знам и имам сила енергија и тим за истото како би ја извел ЗОО Скопје извадил од црнилото во кое се наоѓа денес, додека овие лажни активности кој беа во скутот на Данела и ги немаше никаде кога угинуваа 60 животни во ЗОО, Стефан беше гласен и бараше правда секаде без разлика на партија, книшка или било што друго!

3 дена бев изложен на многу лаги и клевети но за тоа правдата ќе ја барам и одговорноста на сите валидни профили на мрежите за кој веќе мојот правен застапник работи!

Од денес ЗОО Скопје е во правилни раце и затоа сум среќен, секогаш сум спремен од срце да помогнам како што сум го правел тоа во минатото низ донации и волонтирање !

На даден оглас од установата ќе конкурирам со своја програма и визија па доколку тоа се допаѓа на надлежните спремен сум во секое време да се најдам таму!

Почитувани пријатели…извинете што се изначитавте небулози за мене, тие кој ме познаваат знаат…останатите еве и писмено со што ги отфрлам сите обвинувања и клевети а правдата ќе ја барам од сите кој се огрешија, еден по еден, јавно со име и презиме“, стои во реакцијата на Стефан Ќирков на ФБ.

Катерина Костова е новата в.д. директорка на скопската Зоолошка градина. Таа доаѓа од редот на вработените во установата, поточно од правниот сектор.

Exit mobile version