САД денеска воведоа санкции на 29 бродови и нивните компании оператори поврзани со Иран, соопшти американското Министерство за финансии.
САД ги заоструваат мерките против иранската „флота во сенка“, која, како што тврди Вашингтон извезува нафта и други нафтени продукти.
Санкционираните бродови и компании транспортираа производи во вредност од стотици милиони долари, користејќи се со измамнички практики, се наведува во соопштението од американското Министерство за финансии.

