Николовски: Македонија и Италија отвораат нови можности за соработка во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Рим потпиша Меморандум за соработка со италијанскиот колега, министерот за политики во земјоделството, прехрана и шумарство на Италијанската Република, Стефано Патуанели.

Со Меморандумот се опфатени руралниот развој, органското земјоделство, лозарството и производството на вино, фитосанитарната соработка, осигурувањето и финансиската поддршка во земјоделството, во делот за управување со ресурсите за наводнување, како и заштитените ознаки на потекло и географските ознаки.

-По потпишувањето на Меморандумот двете министерства ќе формираат заеднички работни групи со цел дефинирање на акциските планови за имплементација и развој на овие полињата за соработка. Со овој Меморандум се продолжува соработка од јули 2021 година помеѓу италијанските карабинери и шумската полиција на Република Северна Македонија, информира Министерството за земјоделство.

Двајцата министри на работната средба изразија загриженост за светската криза и растот на производните трошоци. Воедно заклучија дека изнаоѓањето алтернативни пазари, како и обезбедувањето помош за земјоделството е клучна во овие моменти. Во таа насока министерот Николовски информираше за активностите кои се преземаат за заштита и одржување на домашното производство.

На средбата двајцата министри разговараа и за новите можности за развој на соработката меѓу нашите две пријателски земји, оценувајќи ја како добра досегашната трговската соработка.

Министерот Николовски го потенцираше своето очекување дека трговската размена со земјоделски производи ќе се зголеми, а тоа ќе им користи, рече, на земјоделските производители во двете земји. 

28.04.2022 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега