Николовски ја пофали организацијата на конститутивната седница: Така се оди напред, така се граби накај европска иднина

Нешто за кое се борам и ќе се борам, е да се даваат признанија за нештата кои тоа го заслужуваат, напиша на фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Денеска такво нешто вредно за сите аплаузи беше организацијата на конститутивната седница во Собранието.
Со почитување на сите мерки, сите протоколи, бевме горди парламентарци и сведочевме на вистински професионализам!
Секоја чест и голема почит до собраниските служби кои денешната седница ја организираа беспрекорно.
Така се оди напред, така се граби накај европска иднина. Со пример и професионализам! Да продолжиме на ист начин“, напиша Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега