Николовски: 2,8 милиони евра грант поддршка од KfW за добри практики во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одржа состанок со претставници на КfW, а во фокусот на разговорите, како што соопшти преку својот фејсбук профил, биле идните заеднички потфати и завршувањето на активностите на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза.

-На состанокот со нашите стратешки партнери и поддржувачи, дискутиравме и за новата Програма за придружни мерки од KfW, целосна грант поддршка за земјоделците со вкупен фонд од 2,8 милиони евра, која ќе биде наменета за воведување добри практики во начинот на вршење на нивната дејност, правилно искористување на водните ресурси и поголема промоција преку правилно искористување на маркетинг алатките заради реализација на земјоделското производство, наведува Николовски.

17.05.2022 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега