Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ВМРО-ДПМНЕ


Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација, изјави пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО, рече Николова.

„Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Тоа може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај. Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард“, посочи Николова.

09.04.2024 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега