Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

    01.04.2026 во 21:34

    Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ -Дака или негова компанија се гради енергетски објект во Македонија

    01.04.2026 во 21:20

    Средба Муцунски-Адад во Париз: Неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција

    01.04.2026 во 21:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот
    • Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ -Дака или негова компанија се гради енергетски објект во Македонија
    • Средба Муцунски-Адад во Париз: Неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција
    • Путин со порака до Ереван: Членството на Ерменија во ЕУ е невозможна мисија
    • Трипуновски: Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи
    • Одмазда врз одмазда: Како ескалира конфликтот меѓу Техеран и Тел Авив?
    • Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
    • Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

    Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

    01.04.2026 во 21:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на субвенционирање.

    Во гостување во „Топ Тема”, тој посочи дека наместо формирање национален авиопревозник, Владата се насочила кон политики кои веќе носат конкретни резултати – зголемен број на патници и десетици нови авио дестинации.

    -Во однос на национален авио превозник, мојот став е дека за држави под 20 милиони жители, тоа е неисплатливо, имајќи предвид дека бројот на население е далеку од тоа што се прави да има број на летови кои што можат да направат исплатливост и всушност примерите од нашиот регион тоа го покажуваат. Мислам дека овој концепт кој што го имаме сега, на благо субвенционирање на патници на доаѓање и веќе ги дава резултатите, рече Николоски и ги потенцираше примерите од соседството каде компании или едвај преживуваат или се банкротирани.

    Тој посочи дека растот на македонските аеродроми е особено изразен во првите месеци годинава, при што скопскиот аеродром бележи пораст од 30 проценти, додека охридскиот аеродром има раст од 20 проценти.

    -Ние имаме 24 нови дестинации откако е избрана оваа Влада. Минатата година двата аеродроми заедно стигнаа до 3.350.000 патници. Оваа година очекувам да одат на 3,5 милиони, а веќе следната и на 4 милиони. Скопскиот аеродром оваа година во првите три месеци има раст за 30%, охридскиот 20%.

    Николоски додаде дека скопскиот аеродром веќе го надминал аеродромот во Приштина по однос на растот, оценувајќи дека според овој параметар, годинава ќе биде водечки на просторот на поранешна Југославија, а значително напредува и во вкупниот број на патници.

    Популарно

    Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

    01.04.2026 во 21:34

    Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ -Дака или негова компанија се гради енергетски објект во Македонија

    01.04.2026 во 21:20

    Средба Муцунски-Адад во Париз: Неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција

    01.04.2026 во 21:05

    Путин со порака до Ереван: Членството на Ерменија во ЕУ е невозможна мисија

    01.04.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.