Николоски: Пендаровски има време за Нивес Целзиус, а нема време да каже кој ги финансира бугарските клубови во Македонија
Претседателот Стево Пендаровски треба да излезе и да каже која е цената на тој договор. Треба да излезе и да ја каже цената, знае за се и сешто да коментира, знае за се и сешто да има став, но очигледно дека за најбитното прашање, а тоа е дали и зошто ја продал Македонија не го гледаме еве скоро 2 недели, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
„Време за средба со Нивес Целзиус, Пендаровски има, ама време за да и одговори на јавноста зошто и од кого пари на бугарски клубови во Македонија нема“, кажа Николоски.
Николоски посочи дека Агенцијата за разузнавање чија надлежност е под претседателот Пендаровски и чија работа е и надвор од Македонија и да ја штити безбедноста и уставно правниот поредок на Македонија, таа воопшто не дејствува.
„Наместо да се занимаваат со непријателите на Македонија, тие се занимаваат со мене, претседателот на партијата Христијан Мицкоски и останати, не прислушкуваат физички не следат“, посочи Николоски.
Тој потенцираше дека тоа покажува дека службите имаат партиска улога, а она што треба да е државна улога воопшто не го прават, бидејќи нема никакви активности за главниот финансиер на овие бугарски здруженија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа