Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од ЗЕЛС: Инвестирани 25 милиони евра во локални патишта со поддршка од Светска банка

    Николоски од ЗЕЛС: Инвестирани 25 милиони евра во локални патишта со поддршка од Светска банка

    05.06.2026 во 12:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Во 2024 и 2025  реализиравме 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде токму се разговараше за развој и реализација на проекти во општините. 

    Вицепремиерот Николоски додаде дека Министерството за транспорт во соработка со Светска банка го реализира проектот за изгардба и рехабилиатција на локланите улици во општните.  За овие две години, како што потенцира Николоски, реконструирани се преку 90 улици во општините низ државата и инвестирани се преку 25 милиони евра што јасно покажува дека оваа Влада е силно посветена на урбаниот равој на општините и подобрување на животот на граѓаните.

    “ Соработката со Светска банка е одлична и сакаме да реализираме повеќе проекти како поддршка на општините. Знаете дека ова е Влада која што неспоредливо со било која Влада предходно дава поддршка на локалната самоуправа. Веќе имеше два повици, едниот во 2024, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти, а ако на тоа ги додадеме и проектите кои што ги реализираме со поддршка на Светската банка, тогаш вредноста е далеку поголема. Денеска ќе зборуваме за проектот за локални патишта, во кој што за две години во периодот јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка” – изјави вицепремиерот Николоски

    Прочитај повеќе

    Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка

    17.08.2026 во 17:28

    Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките

    17.08.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.