Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.Министерот појасни дека актуелните субвенции на пазарот веќе даваат сериозни резултати.
„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада“, рече Николоски.

Како дополнителен услов, „Рајан ер“ побарал приоритетно опслужување на нивните аеродроми, но и откажување на дел од веќе постоечките линии во земјава.
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
- Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
- Мицкоски за ребалансот на Буџетот: Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите
- Филипче: Владата ја води државата кон финансиски крах, долговите се зголемени за 2 милијарди евра
- Нови контроли на МВР: Приведени шест возачи поради безобѕирно возење, еден во Гостивар возел пијан и без дозвола
- ВЛЕН: Против кого протестираат децата на функционерите на ДУИ? Против сопствените родители?
- Мицкоски за Законот за игрите на среќа: Ставаме ред и дисциплина, државата не може да наликува на Лас Вегас