Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој разговараа за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот, информираат од Министерството за транспорт.

Исто така, на средбата била отворена темата и за проектот за брза пруга на Коридот 10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во него.    

Двајцата говорници разговарале и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и сектори од заеднички интерес на двете земји.

На средбата биле потврдени добрите билатерални односи, со посебен акцент на развивање на економските врски. Соговорниците средбата ја искористиле да разговараат и за зголемување на трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.

Leave A Reply

Exit mobile version