Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет тинејџери под истрага за групно силување на 17-годишно девојче во напуштена зграда – Хорор во Романија
    • Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
    • Детали за злосторството ја шокираат јавноста: Го убила 2-годишниот син, па изговорила морничави зборови
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски на средба со Брајан: Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти

    Николоски на средба со Брајан: Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти

    21.10.2025 во 15:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан,  која денеска се одржа во Лондон. 

    Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка, истакна на средбата потпретседателот Николоски.

    Токму инвестициите и пренесување на нови искуства и знаења кои произлегуваат во Договорот за соработка, ќе ги доближат двете земји до воспоставување на стратешки партнерства и реализација на регионални инфраструктурни проекти.

    Ваквата соработка е ново поглавје за стратешкото инвестициско партнерство меѓу Македоннија и Велика Британија, потенцираше вицепремиерот Николоски. Тој ги потврди силните заложби и активности што ги презема Владата за економски развој на државата како и за регионалното поврзување и соработка.

    Обединетото Кралство е силен подржувач на земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија и како резултат на таквата соработка, инвестициите од Обединетото Кралство имаат силен импакт во растот на македонската економија, истакна потпретседателот Николоски.  

    На средбата се разговараше за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на проектите кои ќе се реализираат  согласно Договорот за соработка како и подршката што ќе ја овозможи Велика Британија во реализација на истите.

    Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес,  кој се одржува во Лондон.

    Владината делегација денеска и во текот на утрешниот ден ќе оствари повеќе економски и политички средби со високи владини преставници на Обединтетото Кралство.

    Прочитај повеќе

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.