Close Menu
    Најново

    Николоски: Ќе понудам најдобри решенија за транспортерите во вторник на состанокот со ЕУ

    30.01.2026 во 22:11

    Тешка сообраќајка во скопско Визбегово: Прегазено дете

    30.01.2026 во 21:34

    Кедев го напушти Советот на Алиу

    30.01.2026 во 21:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски: Ќе понудам најдобри решенија за транспортерите во вторник на состанокот со ЕУ
    • Тешка сообраќајка во скопско Визбегово: Прегазено дете
    • Кедев го напушти Советот на Алиу
    • Ердоган се нуди како посредник меѓу Иран и САД
    • Над 50.000 војници очекуваат знак од Трамп
    • Србија ги игнорира предупредувањата од ЕУ: Судските реформи стапија во сила
    • Зеленски тешко ја обвини Европа
    • Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизирам заедно нив
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски: Ќе понудам најдобри решенија за транспортерите во вторник на состанокот со ЕУ

    Николоски: Ќе понудам најдобри решенија за транспортерите во вторник на состанокот со ЕУ

    30.01.2026 во 22:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Истрајноста и единственоста на превозниците од Македонија и од целиот регион, беше клучна за Европската Унија да реагира и да донесе документ со кој превозниците ќе бидат квалификувани како “професионалци”. Тоа е она што го баравме и тоа е она што го бараа превозниците. Закажан е состанок во вторник на кој ќе се дефирнираат сите прашања и јас во координација со транспортерите ќе понудам најдобри решенија, истакна во вечерашното интервју за ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

    “Европската Унија ја забрза целата процедура, тие планираа да го носат овој документ многу подоцна. Станува збор за документ од 19 страници, кој што целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, каде што возачите на камиони се прифаќаат како професионалци”  што е прв пат ЕУ на тој начин да го реши проблемот и кој беше суштиниски. Беа понудени три решенија и ова беше едно од решенијата” – истакна Николоски.

    Вицепремиерот потенцираше дека на состанок ќе се дефинираат сите прашања за да се излезе од оваа ситуација. 

    “Овој состанок не се закажуваше речиси години дена, па се закажа за 6. февруари, а сега се помести за вторник, што мислам дека симболички многу значи. Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите и покажаа дека проблемот е доста сериозен. Да им честитам на одлучноста и храброста. Ја имав честа да ги посетам на протестите и да ги подржам.  Тоа што беа единствени и истрајни и не успеа никој да ги скрши, не коментирам одредени други држави од регионот каде други премиери и минстри се обидуваа да ги скршат. Ние да дадовме подршка, јас, премиерот и тоа доведе до ваков потег на Европската Унија”- рече Николоски.

    Тој потенцриа дека сите решенија и ставот на Владата ќе се креира заедно со транспортерите

    “Ние сме во целосна координација со превозниците, се договоривме по состанокот во Брисел, заеднички да седнеме и да ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, затоа што сакам да понудам најдобри можни решенија кои ќе одговараат на нашите транспортери. Тие се едни од основните двигатели на македонската економија и цели градови во Македонија живеат од овој сектор”- додаде тој.

    Во однос на временската рамка, колку ќе траат овие разговори со ЕУ и кога најрано може да се очекува конечно решение, Николоски рече дека до ова лето би требало да се најде решение како нормално би можел да функционира транспортот.

    Популарно

    (ФОТО) Синот на премиерот слави роденден и именден

    30.01.2026 во 10:50

    Ужас ја потресе Македонија: Автомобил прегази 13-годишно девојче и избега, полицијата трага по возачот

    30.01.2026 во 11:40

    Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    30.01.2026 во 10:41

    Хаос во Советот на Град Скопје: Именувани 117 членови во управни одбори без доставени биографии

    30.01.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.