Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова, како што информира Кабинетот на Николоски, е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти.
-На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете влади за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата, како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји, наведува Министерството за транспорт.
Николоски и Казидакис заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.
- ДУИ: Албанците се третирани како невидливи во институциите на оваа држава
- Малолетник седнал зад волан и излегол на булевар – Македонската полиција го уапси
- „Летаа” казни за продолжениот викенд – Приведени 60 возачи во Македонија
- (ВИДЕО) Мостот се руши, возилата паѓаат во бездна: Нови ужасни снимки од несреќата во Бразил во која загинаа 14 лица
- Секое дете има еднаква шанса – Ѓорче Петров обезбеди нови услови за инклузивно образование во „д-р Златан Сремец“
- ФОТО: Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – Мама Нина го бара сопственикот
- Започна блокадата на границите: Километарски колони од паркирани камиони
- Хаос во Тирана: Повредени шест полицајци, опозицијата палеше полициски возила и контејнери

