Николоски: Доаѓаат подобри времиња за македонското земјоделство

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на коалицијата предводена од оваа партија во ИЕ 4, Александар Николоски најави подобри времиња за македонското земјоделство.

Како што истакна во денешната видео порака, на нашите полиња работи вреден и чесен народ кој живее од својата мака и труд.

– Почит за житарите кои од утро до мрак неуморно се трудат за најдобриот леб на светот. За лозарите кои ја знаат тајната на најдоброто вино. За тутунарите кои од бели мугри се мачат за да ја прехранат фамилијата. За градинарите без кои нема здрава нација. Почит за сите земјоделци кои се нашите херои. На македонските полиња работат вредни, неуморни и чесни луѓе кои секоја година знаат што значи да се обнови родот. Да се обнови семето за да се жнеат плодовите на макотрпната работа. На македонските полиња доаѓаат подобри времиња за сите земјоделци. Време во кое секој ќе може да исправи гордо, да е задоволен и платен за сработеното, да биде почитуван, рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега