Николоски: Дали Кастриот Реџепи бил чуван во премиерската вила?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во емисијата Дебати на тв Шења индиректно го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека злоупотребил државни објекти во кои што бил чуван пратеникот Кастриот Реџепи.

„ Дали поранешниот премиер Зоран Заев, злоупотребил државни објекти, во кои што го чувале Кастриот Реџепи и дали државни објекти пред се премиерската вила и премиерските простории се злоупотребени за Кастриот Реџепи да е чуван“, изјави Николоски, додавајќи дека ако не е така нека го демантираат.

Николоски истакна дека откако ќе се смени власта се ќе излезе на виделина.

09.02.2022 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега