Николоска: Ги намаливме судските такси до 8 пати, правдата станува подостапна за граѓаните

Правда за сите е една од темелните вредности од кои се води Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Нашата посветеност во олеснување до пристапот до правда ја преточуваме во реални мерки и политики.

Ова денеска на прес-конференција во партиското седиште го истакна пратеничката Франица Николоска потсетувајќи дека во сила стапија измените на Законот за судски такси, со кои се намалуваат трошоците во судството.

- Со овие измени, судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега граѓаните нема да платат повеќе од 6.000 денари. Отсега, трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до максимални 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот. Тоа е намалува за осум пати.  Со ова, правдата станува подостапна за сите, имајќи предвид дека претходни судските такси беа превисоки што често беше причина граѓаните да се откажат од барање правда поради високи финансиски трошоци, рече Николоска.

Според неа, СДСМ како одговорана партија продолжува да работи на градење фер, праведно и правично општество за сите.

- И во периодот што следува продолжуваме да работиме на остварување на тоа што го ветивме пред граѓаните - правда достапна за секого и правна држава во која сите се еднакви пред законите, рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега