Ни црквите не беа поштедни од силниот земјотрес во Грција- фотографиите сведочат за големината на катастрофата на островот Самос

 

Земјотресот го погоди и грчкиот остров Самос, недалеку од чиј брег беше епицентарот на земјотресот, во кој турскиот град Измир беше сериозно оштетен.

Слики од пустошот на Самос беа објавени на социјалните мрежи. Засега нема извештаи за жртви, но болниците се подготвени, пренесува грчки Си-Ен-Ен.

Тие наведуваат дека земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Самос, а се почувствувал и во Атина. Според првите информации, најмалку 10 лица биле повредени, а островот претрпел значителна материјална штета. Оштетени се неколку згради и цркви.

Градоначалникот на Самос, Станкос, за грчки Си-Ен-Ен изјави дека земјотресот траел долго и бил силен. Тој ги моли жителите да бидат спокојни.

Според локалниот институт, епицентарот бил на 17 километри од Самос. Островот беше погоден од три помали цунами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега