Незири од Алијансата за Албанците: Кој го спаси Мијалков, Артан Груби или Ахмети со рускиот амбасадор?
„Денеска бевме сведоци и на еден срамен договор меѓу правосудниот систем и еден од криминалците на двата последователни режима, Сашо Мијалков.
Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради империја на криминал и корупција, се спаси само со три години затвор. За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, а истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра“. Ова, меѓу другото, се вели во соопштението од пратеникот на Алијансата за Албанците, Аднан Незири.
„Јавно прашуваме дали Артан Груби се разбирал со Сашо Мијалков или Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија. Како и да е, епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор“, стои во соопштението на Незири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа