По дестабилизацијата на времето во Кичевско и Преспа, Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше развој на нови нестабилни облачни маси во уште неколку региони низ државата.
Синоптичарите предупредуваат дека интензивните атмосферски процеси попладнево се селат и во источниот дел на земјата.
„По Кичево и Преспа Нестабилна облачна маса има и источно од Свети Николе каде има јак пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и наместа можна појава на град. Поизразена нестабилност има и во западните планински предели“, соопшти УХМР.

