Невремето од Бугарија и Грција дојде во Македонија: УХМР со вонредна временска прогноза

 Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град, истото веќе пристигна во земјава.

Тие по ова на Фејсбук објавија и дека невремето кон нашата земја доаѓа од соседна Бугарија и Грција.

-Од територија на Бугарија и Грција кон Македонија се движи нестабилна облачна маса проследена со поројни дождови и грмежи. Дојранскиот и Струмичкиот регион се очекува да бидат зафатени со нестабилност, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Од територија на Бугарија и Грција кон Македонија се движи нестабилна облачна маса проследена со поројни дождови и грмежи. Дојранскиот и Струмичкиот регион се очекува да бидат зафатени со нестабилност.

Според УХМР, и утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега