Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше сериозна дестабилизација на времето на повеќе локации во земјата, каде попладнево се развиваат силни облачни маси.

Првиот бран веќе донесе влошување на временските услови на југот и на истокот.

„Гевгелиско зафатено со невреме. Штипскиот регион зафатен со нестабилна облачна маса“.

Истовремено, радарските софтверски системи на метеоролошката служба лоцираа ново брзо активирање на облачноста во Повардарието и во централна Македонија.

„Според радарската слика се забележуваат јадра во развој во Неготинскиот регион и во Македнонски Брод“.

Надлежните укажуваат дека процесите се локални, но во местата каде што ќе се појават јадрата, врнежите може да бидат поројни и проследени со засилен ветер.

Exit mobile version