Тетовската полиција вчера уапси малолетник од тетовско Порој кој возел во спротивна насока, па избегал од полицијата. Бегал низ улиците, а на паркинг удрил во полициско „јети“ со својот џип. 

– Претходно, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока. Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку со голема брзина го свртел возилото и продолжил да бега низ повеќе тетовски улици, информираат од МВР. 

Притоа, на паркинг простор на ул.„Илинденска“ со службено возило „шкода јети“ му бил попречен патот, по што свртел и удрил во службеното возило.

– По извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, појаснуваат за инцидентот од ДВР Тетово. 

Exit mobile version