Невреме и пороен дожд во Куманово, поплавени улици и куќи, штетите уште се пријавуваат
Невремето е предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.
„На Единствениот повикувачки број за итни случаи, заради налетите на невремето, се добиени повеќе пријави, а и се уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови,оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично“, информира ЦУК.
Пријава за поплавена куќа од неверемето има на ул.„Народна револуција“ во Куманово.
Поради големите количини на вода поплавени се улиците Трета МУБ, Октомвриска револуција, Никола Тесла и др.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа