Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Заедно кога е најпотребно – исплатена финансиска поддршка за онколошките пациенти
    • Лице кое имало здравствени проблеми со нож ја нападна својата мајка
    • Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има повредени
    • За 6 часа санкционирани 166 пешаци – 130 од нив поминувале надвор од пешачки премин
    • Невреме го зафати струшкиот и беровскиот регион
    • Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите
    • Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана
    • Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор

    Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор

    20.10.2025 во 19:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го почувствува мечот на вратот“ поради дејствијата на израелската армија и затоа беше принудено да прифати мировен договор за прекин на огнот во Газа и предавање на заложниците.

    Во обраќањето пред израелскиот парламент, Кнесетот, Нетанјаху рече дека кога трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Газа, „Хамас сфати дека се соочува со уништување“, објавува „Тајмс оф Израел“.

    „Да ги послушав многумина од оние во оваа просторија и надвор, вас кои ме повикавте да ја сопрам војната, да се предадам, да кренам раце… Да ​​​​попуштив на овие барања, војната ќе завршеше со убедлива победа за Хамас и целата иранска оска. Вие го знаете тоа, и сите ние го знаеме“, рече Нетанјаху, додека пратениците од опозицијата беа исфрлени од просторијата затоа што го прекинаа неговото излагање.

    Нетанјаху рече дека доколку запреше војната против Хамас „сите Израелци ќе исчезнеа во нуклеарен чад“, додавајќи дека немаше да прифати „војната да заврши под условите за предавање на кои инсистираше Хамас“.

    „Ја зајакнавме одбраната на Израел, ја коригиравме нашата позиција, ги вративме нашите заложници, сите живи, некои од убиените се уште се таму, ќе ги вратиме и нив. Го консолидиравме нашиот статус како суперсила, но кампањата не е завршена“, рече Нетанјаху.

    Тој рече дека Хамас вчера го прекршил примирјето со напаѓање на војниците на ИДФ во Рафа, и дека Израел одговорил на тој напад со испукување 153 тони експлозив кон десетици цели, вклучувајќи и високи команданти на Хамас.

    „Прекинот на огнот не е дозвола Хамас да ни се заканува. Постои и ќе има многу висока цена за агресија против нас“, рече Нетанјаху.

    Тој додаде дека на крајот од втората фаза од прекинот на огнот, „армијата и владата на Хамас ќе бидат елиминирани“.

    Нетанјаху нагласи дека Израел им подава рака на оние кои сакаат да живеат во мир.

    „Мирот се склучува со силните, а не со слабите. Дури и денес, секој знае дека Израел е многу силна земја. Земја која е посилна од кога било“, заклучи Нетанјаху.

    Прочитај повеќе

    Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има повредени

    18.08.2026 во 16:55

    Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник

    18.08.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.