Несреќа во Албанија: Загина планинарка, седум лица се спасени
Хрватска планинарка го загубила животот при пад од карпа на планината Језерце, во северниот дел на Албанија, познат како „албански Алпи“.
По неколкучасовна потрага, вчера доцна попладне овозможено е да се пронајдат и извлечат седум туристи кои беа заробени на планината Језерце, каде како последица на лизгање на стрмен терен и пад од голема височина животот го загубила З.И. (41) хрватска планинарка, објави албанското МВР.
Во акцијата за пребарување и спасување учествувал и Одделот за планинско спасување на Косово.
Петмина од спасените планинари се вратени на територијата на Црна Гора од каде што влегле на албанска територија, останати двајца со хеликоптер се транспортирани во болницата во градот Бајрам Цури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа