Несекојдневна глетка на плажа: Пливач фати ајкула и ѝ ја отвори устата со голи раце, а имаше и добра причина за тоа (ВИДЕО)

Пливач на американска плажа е снимен како лови ајкула со голи раце и ѝ ја отвори устата.

Видеото, снимено на плажата Кејп Хенлопен, во државниот парк во Делавер, го објави Рејчел Фостер, која се нашла таму и го споделила на Фејсбук и ТикТок, каде го прегледале над 200.000 луѓе.

„Сите почнаа да викаат дека има ајкула и да излегуваме од вода. Беше лудо, како во филм“, изјави таа за локалните медиуми.

Се испостави дека мажот и пристапил на ајкулата за да и помогне бидејќи и се заглавила јадица во устата. Откако ја извадил јадицата, ја ослободил ајкулата и таа отпливала.

Во Делавер, e нелегално да се ловат и да се држат во заробеништво одредени видови ајкули, а рибарите кои случајно ги фаќаат, мора веднаш да ги ослободат, за да се обезбеди опстанок на овие видови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега