Непотребните работи ви носат лоша енергија во домот

 

Во фенг шуи, кинеската традиција за уредување простор, чистота и уреден дом е предуслов за добра енергија во просторот. Секојдневното одржување на редот во домот може да ги одбие негативните вибрации и да привлече среќа и благосостојба. Најпрво, важно е да го направите следново: подредете ги работите за се да си има свое место, поправете го скршеното, фрлете го непотребното, неупотребливото и сè што не е во функција, што не ни се допаѓа или не го користиме долго време.

Нередот во домот може да предизвика негативни и опсесивни мисли, лошо расположение. Доколку непотребните работи ги чувате дома со мислите „можеби понекогаш ви треба“, според експертите за фенг шуи, тоа може да значи дека го задржуваме стравот, тагата, незадоволството, грижата во себе.

Се додека ги чуваш таквите работи и ги обземаш со простор, праќаш порака – се уште се држам до минатото и не дозволувам ништо подобро и поубаво да ми влезе во животот. Ова е енергијата на стагнација и отфрлање на нови можности.

На овој начин испраќаме две пораки до нашиот мозок и нашиот живот: да не веруваме во утре и да мислиме дека нешто ново и подобро не е за нас. Сè додека емотивно и материјално се држиме до старите бескорисни чувства, нема да има простор за нови можности.

Тенденцијата на пренатрупаност во просторот може да се поврзе со инстинктот на самозаштита и оградување од другите поради чувството на несигурност. Еве што треба да излезе од дома за да се чувствувате посреќни, послободни и подготвени за напредок:

Работите што ги чувате под креветот може негативно да влијаат на здравјето на домаќинството. Преполниот простор во центарот, североистокот или југозападот може да предизвика засилени стравови и стрес, што исто така негативно влијае на здравјето.

Имајќи многу работи, особено оние што не ги користите на запад или северозапад од вашиот дом, може да го зголеми ризикот од конфликт. Преполниот север ги ограничува нашите потенцијали, не спречува јасно да ги изразиме нашите чувства, носи стравови, додека нередот на исток и југоисток може да донесе конфликти, неодлучност, збунетост, потиснат гнев.

Преполниот простор на југ предизвикува негативни емоции и недостаток на одговорност. Кога чувате непотребни работи дома, тоа може да влијае и на парите – порачувате дека верувате дека нема да имате доволно и затоа чувате. Ова носи лоша финансиска енергија.

Затоа е важно редовно да го чистите просторот, да ги отстранувате работите од домот кои повеќе не се користат. На тој начин ќе се ослободите од лошата енергија од вашиот дом и ќе го отворите домот за нешто ново и подобро во иднина.

07.06.2022 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега