Неофицијално: Раководството на СДСМ донело одлука да го поддржи Стево Пендаровски
Од извори во партијата неофицијално дознаваме дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за Претседател на државата.
Оваа одлука, велат извори од СДСМ, деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата, наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери а на 3 ти март да биде и официјланата промотивна конвенција. Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата.
Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, брифираат неофицијално од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа