Доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организоран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.
Неофицијално, акцијата била активирана откако еден од главноосомничените се обидел да ја напушти државата, по што истражните органи итно презеле мерки и започнале реализација на случајот.
Според информациите до кои доаѓаме, станува збор за случај во кој се сомничи дека преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани средства.
Во случајот се опфатени физички лица и правни субјекти, неофицијално некој од лицата се вработени и во државни претпријатија а според информациите штетата се проценувала на над 13милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра.
Неофицијално, акцијата сè уште се спороведува, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
- СДСМ: Владата ја задолжува државата за нови 1,3 милијарди евра, парите не завршуваат кај граѓаните
- Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон
- Потоп во Македонија: Во овој град наврнаа дури 88 л/м²
- ЦУК: Избувнаа 27 пожари, два се сè уште активни
- УХМР предупредува: Попладне поројни дождови, грмежи и можна појава на град
- МВР потврди: Финансиски криминал со регистрација на возила, меѓу осомничените и вработен во ЈПДП
- Неофицијално: Ноќна акција на полицијата, уапсени лица за финансиски криминал
- Велешанка уапсена во Тетово: Полицијата и пронајде бела прашкаста материја при преглед


