Цените на нафтата на светските пазари денеска забележаа значителен пад, откако претходно достигнаа највисоки нивоа во последните години поради тензиите на Блискиот Исток.
Според последните податоци, цената на нафтата од типот „брент“ падна на околу 92–95 долари за барел, откако претходно се искачи речиси до 120 долари.

Падот на цените доаѓа по сигналите дека конфликтот во регионот би можел да се деескалира, што ги намали стравувањата од нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Само ден претходно, цените силно пораснаа поради стравувањата од прекин на транспортот на нафта низ Ормускиот теснец – една од најважните рути за светската трговија со нафта.
Аналитичарите оценуваат дека пазарот на енергенси останува исклучително чувствителен на геополитичките случувања, па затоа цените на нафтата можат брзо да се менуваат во зависност од развојот на ситуацијата на Блискиот Исток.

